Полскиот интернационалец Роберт Левандовски сега е еден од најдобрите голгетери во светот и голем адут на Баерн Минхен, а својот голем напредок во кариерата го имаше во Борусија Дортмунд. Тој откри и еден интересен метод на тогашниот тренер на „милионерите“, Јирген Клоп, со кој успеал да ја подобри прецизноста.
– Ќе ви откријам една голема тајна, како научив да погодувам од различни позиции. Јирген Клоп имаше метод да се обложува со нас, натпреварувајќи се со нас на тренинг во прецизни удари. Игравме во 50 евра, кој ќе постигне повеќе голови од 10 удари, тој ги зема парите. И верувајте дека многу често го победував. Но, на крајот од месецот, секако, добивав и симболична казна, за Клоп да си го врати загубеното – вели Роберт Левандовски.
Јирген Клоп сега е менаџер на Ливерпул, а Левандовски е перјаница на Баерн Минхен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Добил бакшиш од 6.000 евра бидејќи му ја погодил песната на гостинот (видео)
-
„Жолтиот ѕид“ никогаш не изгледал потажно: Германците уште еднаш порачаа, понеделник не е ден за фудбал (фото)
-
Клоп по победата над Порто: Обично не е толку лесно
-
Клоп: Еден помошник судија сакаше да биде во центарот на вниманието