| четврток, 6 декември 2018 |

Себастијан Курц в недела во Македонија

МНР на Република Македонија соопшти дека в недела, на 12 февруари во работна посета на земјава ќе престојува претседавачот со ОБСЕ за 2017 година и министер за надворешни работи на Република Австрија, Себастијан Курц.

Во рамките на посетата,  министерот Курц ќе се сретне со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, со кого заедно ќе го посетат граничниот Камен 59  во Гевгелија.

Последен пат, Курц беше во Македонија во ноември, кога присуствуваше на предизборниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top