| четврток, 6 декември 2018 |

Курц очекува голем чекор за Македонија кон ЕУ по договорот со Грција

Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна во интервју за виенски Стандард дека очекува голем чекор за Македонија кон ЕУ по договорот со Грција во врска со името.

– По договорот за името, се надевам и дека ќе следува голем чекор за Македонија, изјави тој.

Курц вели дека за време на претседавањето на Австрија со Европската унија очекува напредок во пристапните преговори на Србија и на Црна Гора.

Во интервјуто Курц нагласи дека Западен Балкан и ширењето на ЕУ се меѓу приоритетите за шестмесечното претседавање што Австрија го презема на 1 јули.

Курц истакна дека Австрија ја поддржува идејата за еден голем единствен економски простор на Балканот.

– Тоа не би било добро само за економскиот развој на целиот регион туку ќе биде и придонес за намалени етнички тензии, укажува Курц.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top