Лидерот на австриската народна партија, Себастијан Курц, по победата на изборите со 31 година ќе стане најмладиот премиер во Европа. Неговата партија, Народната партија на Австрија (OVP) победи на предвремените парламентарни избори во земјата, а Курц како поранешен министер за надворешни работи кој веќе подолго време е присутен во јавноста, важи за еден од најпосакуваните политичари кај понежниот пол.
Сепак, освен за победата, медиумите периодов на големо пишуваат и за неговата девојка, 30-годишната Сузан Тихер, која се појавила на победничката конференција на партијата.
Ова било прв пат Курц да се појави во јавност со својата партнерка, која според австриските медиуми, не сакала да се експонира. Тие ја опишуваат како скромна и дискретна девојка, посветена на својата кариера која до сега можеле да ја уловат само на неколку концерти или забави со новиот премиер на Австрија.
Инаку, таа повеќе години работи како комесар во Министерството за финансии и живее во округот Медлиг во Виена, местото каде што Курц растел.
Парот е заедно цели 13 години, од кога Себастијан бил на 18-годишна возраст, па може да се каже дека станува збор за љубов уште од тинејџерски денови.
Инаку Курц не сака да зборува за неговиоте приватен живот, но во една прилика одговорил дека кога би се женел, тоа би била мала свеченост во кругот на најблиските.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.