| четврток, 6 декември 2018 |

Курц го поздрави договорот во македонското собрание

Австрискиот канцелар Себастијан Курц го поздрави постигнатиот договор во македонскиот Парламент.

„Тоа дава силен ветар в грб на напорите за почеток на пристапни преговори на ЕУ со Северна Македонија следната година“, наведе Курц во соопштение до јавноста.

Тој истакна дека приближувањето на земјите од Западен Балкан кон ЕУ е важен приоритет на австриското претседателство и дададе дека дури откако тие земји ќе бидат членки на ЕУ, Унијата ќе биде целосна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top