| четврток, 6 декември 2018 |

Магарешки концерт

 

Ацо Станковски

Ацо Станковски

 

Еден мој стар пријател и соборец, антиглобалист, при нашата последна средба ми рече: „Кога ќе си оди амбасадорот Бејли од Македонија, ќе ангажирам оркестар од трубачи и ќе го испратиме со музика“.

– Браво! Така е најдобро, но да не биде погрешно протолкувано од јавноста, а и од нашите американски пријатели?

– Се шегуваш?! Тоа само ќе го зголеми интересот за случајот со овој американски амбасадор во Македонија, кој сега ги полни медиумите во нашите две пријателски земји. Сега, кога Трамп ги презема командите на САД и почнува да ја редефинира американската надворешна политика по старите добри принципи, кои важат уште од почетокот на постоењето – „непријателот на мојот непријател е мојот пријател“, оваа мала музичка претстава може да биде само една убава вишна на шлагот.

– Без сомнение, тие добро знаат кои се интенциите и зошто сакаш да го испратиш со труби.

– Токму така, како благодарност за неговото отсуство во земјава. Радоста, што го повлекуваат, е толку голема што не можам да одолеам, а да не му приредам еден hardcore концерт на заминување.

– Типов навистина ни стана кошмар на сите нам што и малку држиме до сувереноста и граѓанскиот поредок во оваа држава.

– Чуј, фантастичен е овој „high“, кој ми се појавува кога ќе помислам дека ќе си оди. Дури и ми станува симпатичен. Знаеш како му порасна рејтингот на Барак Обама во последниот месец од неговото осумгодишно владеење? Па, сите беа среќни што си оди во историјата и што веќе никогаш нема да се врати и поради тоа масовно му даваа поддршка, онака, од сожалување и од радост што веќе нема да го гледаат во Белата куќа.

– Па, нека му изградат „Црна куќа“. Можеби така рејтингот ќе продолжи да расте и тој ќе стане „everybody’s best friend“ и еден вид сенароден, популистички лидер.

– Бадијала, кај Американците системот е силно етаблиран. Барем во политиката, мора така, инаку со тој нивен стравотен пионерски динамизам и упорност ќе изгорат во граѓанска војна, која лесно може да се случи доколку претендентите за власт излезат од системот што ја спроведува политичката моќ. Замисли само веќе паднатата политичка елита од Вашингтон Д.Ц. да одбиеше да му ја предаде власта во државата на Доналд Трамп и неговата партија?

– Без сомнение, ќе гореше Вашингтон, а и другите поголеми градови во САД, посебно штабовите и институциите на демократите. Сорос ќе поминеше како полковникот Моамер ел Гадафи – ќе го линчуваа на улица.

– Ќе играа фудбал со него по Петтата Авенија.
– А, милијардите немаше да го спасат?

– А, го спасија ли Гадафи? Тој имаше многу повеќе милијарди од Сорос.

– Ужас. Велат, Америка и Британија, заедно со Франција и Италија му должеле на Гадафи некои 400 милијарди долари.

– И си ги побарал назад?

– Можеби не ги ни побарал, но самата помисла дека може да ги побара, ја покренала акцијата за негово уривање.

– Какви злосторници! Од една богата и мирна земја направија пекол со таа интервенција.

– А, кој, всушност, бил иницијаторот за бомбардирањата на Либија и полковникот Гадафи?

– Па, веројатно, банкарите. Потоа тоа оди до ЦИА, можеби и преку Сорос, што е едно те исто. Сорос ти прави антитоталитаристичка пропаганда, и не само Сорос. Демек, станете и борете се против диктаторот и убиецот Гадафи! Не бидете примитивни робови, дигнете се и не трпете неправди и зло! Слобода! Нема правда, нема мир! Итн. Знаеш, клише за папагали. Потоа одат разни експертски здруженија, поддржани од Сорос и други агенции од влијание на американскиот империјализам, па сето тоа доаѓа до американските медиуми, па до политичкиот систем, па до Стејт департментот и, на крајот, Обама, по сугестија на Хилари Клинтон, која е во тесна врска со банкарите од Волстрит, потпишува налог за бомбардирање на Либија.

– А, Нобеловата награда за мир што Скандинавците му ја дадоа на овој американски Отело?

– Ха, Мишел е сѐ друго, само не Дездемона! Ако Барак сака да ја малтретира, мислам дека таа ќе го спакува во куфер и ќе го испрати на Хаваи, од каде што и дошол. Барем така вели за себе првиот црн претседател на САД.

– Без сомнение, моќна жена е тоа, може да те згази како свилена буба.

– Си ја видел ли, како вежба со тегови? Мислам дека не само Барак, кој е шланк, туку и Трамп, кој има накај деведесетина килограми, би го кренала на раце и, така, како млада невеста, би го однела во кревет.

– Тешко. Би требала прво да помине покрај Меланија, која нема да ѝ дозволи на црната принцеза да се шепури по нејзиниот двор.

– Да, конечно, завршија деновите кога Барак и Мишел беа двојка од сништата.

– Токму така, беше тоа премногу црн период за Америка.

– А, Бејли? Зар не е тоа како кај Кустурица со дувачките оркестри?

– Океј, имаш право. А, да ја ангажираме Македонската филхармонија? Сигурно би прифатиле од патриотски причини. Би почнале со Клод Дебиси, милен и сончев импресионизам, „Попладнето на еден паун“?

– Знаеш ли дека Дебиси бил Голем мајстор на „Град Ориент“?

– Масон? Потоа, Камиj Сен-Санс – „Карневалот на животните“, па Хектор Берлиоз, па Малер…

– Ах, Малер, со целата туробна меланхоличност, фаталитетот и апсурдот?

– Кој знае како може да се изведе тоа? Премногу е компликувано. Најдобро е да донесеме неколку магариња, тие кога ќе почнат да рикаат, ќе создадат најпригодна музика за кутриот амбасадор во заминување.

– Значи – „Магарешки концерт“.

– Само како ќе ги натераме магарињата да рикаат кога ќе дојде времето да го изнесуваат амбасадорот Бејли од тврдината?

– Па, може да ги снимиме, а потоа со разглас!

– Да не помислат дека е терористички напад, па да нѐ запукаат од фортот? Заеби, премногу е компликувано…

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top