| четврток, 6 декември 2018 |

Интер го договори првото засилување, Мурел од јуни се сели на „Џузепе Меаца“

luis muriel

Фудбалерот на Сампдорија, Луис Муриел и дефенитивно постигнал договор од јуни да се пресели во редовите на Интер, пренесува „Кориере дело спорт“.

Дваесет и петгодишниот колумбиски офанзивец веќе ги договорил сите лично услови за трансфер во Интер, а деновиве останува уште меѓусебните услови да ги договорат и двата клуба, за што се верува дека нема да има проблем затоа што „нероаѕурите“ веќе се согласиле да ја платат откупната клаузула од 28 милиони евра.

Муриел во Сампдорија дојде во 2010 година од редовите на Удинезе, по што во 70 настапи за тимот од Џенова запиша 17 погодоци. Муриел во моментов заработува по 900 илјади евра по сезона, а според најавите во Интер би земал околу 2 милиони евра по сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top