Во рамки на инвестициски план на Министерството за образование и наука, кој предвидува низа мерки за унапредување на студентскиот стандард, се реализира проектот за набавка на машини за перење и за сушење за сите државни студентски домови.
Инвестицијата е во вредност од 11 милиони денари, информираше минатата недела заменик-министерот Спиро Ристовски.
-Набавивме 50 професионални машини за перење и 50 професионални машини за сушење. Во моментов во студентските домови привршуваат интервенциите во делот на водоводната и електричната мрежа неопходни за инсталирање на машините – истакна Ристовски, додавајќи дека очекуваниот период за реализација е до крајот на првиот квартал на 2017 година.
Со оваа инвестиција како и со останатите активности, меѓу кои почнатата набавка на новиот мебел за сите студентски домови и промената на сите постојни лифтови пред неколк месеци, значително се унапредуваат условите за престој, истакнуваат студентите.
-Добро е што интензивно се вложува во домовите и условите значително се подобруваат. Знам дека се набавуваат перални и сушални и можам да кажам дека за нас студентите тоа е од големо значење. Повеќе нема да носиме торби со алишта за перење, за што, некогаш и специјално се враќаме во нашите родни места. Тоа ќе ни заштеди време, за дополнително учење или каква било друга активност – истакнува еден од станарите во студентскиот дом „Пелагонија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Раководството на студентскиот дом „Стив Наумов“ се правда – виновни се претходните
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС за време на изборите ветуваа брда и долини за студентите, а сега кратат 155 милиони денари планирани за студентски домови
-
Ристовски: Ќе бидеме сериозен коректор на новата влада
-
„За живот во Македонија“: Каде е месото во оброкот кој се служи во студентските домови (ФОТО)