| четврток, 6 декември 2018 |

Ристовски: Ќе бидеме сериозен коректор на новата влада

ВМРО ДПМНЕ ќе биде сериозен коректор на она што значи ново парламентарно мнозинство и нова влада на Република Македонија, најави Спиро Ристовски од ВМРО ДПМНЕ кој гостуваше во „Телевизија Нова“.

– Ќе ја следиме политиката и сериозно ќе ги критикуваме и корегираме сите нивни чекори, затоа што во изминатиот период имаше еден голем број на најави по однос на мерки, понудени покачувања на плати, враќање на даноци, укинување на голем број обврски, како што е радиодифузната такса, а сега сме сведоци на едно сериозно ретерирање на актуелната влада и во тој дел ќе продолжиме максимално да инсистираме да се обезбедат сите оние ветувања кои што беа дадени кон граѓаните – истакна Ристовски.

Според Ристовски, партијата во изминатиот период покажа исклучителна стабилна, државничка политика.

– ВМРО-ДПМНЕ се карактеризираше како политичка партија која што државните интереси ги стави пред личните интереси во многу тешки ситуации кои што беа карактеристични во изминатите неколку години – рече Ристовски при денешното гостување во вестите на „Телевизија Нова“, додавајќи дека неговата партија ќе продолжи да ги реализира таквите состојби во следниот период.

Ристовски изјави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи како коректор сериозно да се бори против таквото деструктивно, антиреформско функционирање, кое, како што вели, ја карактеризира оваа влада во изминатите неколку недели.

-Очигледно е дека тоа ќе биде нивен стил на работа, а ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се бори против таквата злоупотреба на граѓаните во Република Македонија, потенцира Ристовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top