Пробајте диета со ананас кој навистина е чудотворен, бидејќи и покрај изобилството на витамини и минерали содржи и ензим кој го поттикнува согорувањето на мастите. Со оваа диета за 4 дена експресно ќе симнете 2 килограми.
Светските диетолози се повеќе се заинтересирани за моќните својства на ананасот. Во ова здраво јужно овошје се наоѓаат скоро сите витамини и 16 минерали, но и селен, супстанца која го успорува стареењето. Меѓутоа тајната на ананасот е во ензимот бромелаин, кој го поттикнува согорувањето на мастите и го убрзува метаболизмот. Овој ензим за жал е многу осетлив на топлина, па затоа најдобро е да се јаде свеж ананас кој инаку е многу побогат со ензими, овошни киселини и витамин Ц од конзервираниот. Ананасот ги исфрла течностите и отровните материи од телото, го јакне, ги вади вишокот килограми и има само 65 калории во 100 гр. Иако во текот на оваа диета треба да се држите на план на исхрана, ананасот можете да го јадете кога и да сте гладни.
План на исхрана
Доручек – Овие четири дена обилниот доручек заменете го со сок од ананас
Ручек – Јадење со ананас
Ужина – Диетален јогурт со парчиња свеж ананас
Вечера – Супа од зеленчук со парчиња интегрален леб
Салата со ананс и зелка
Пола свеж ананас, 400 гр кисела зелка, лажица семки од сончоклед
Ананасот исецкајте го на парченца. На загреано масло продинстајте ја зелката, додадете го ананасот со 50 мл вода, гответе го ова 10 мин, па оладете го.
Хранлива вредност: 260 кал, 7 гр масти, 36 гр јаглени хидрати
Купе со ананас
4 парчиња црн леб, 40 гр намаз со лук, пола тркалце ананас, лажиче сецкани лешници.
Лебот премачкајте го со намазот, ставете го преку тоа ананасот и преклопете го со леб. Посипете со лешник.
Хранлива вредност: 245 кал, 12 гр масти, 28 јаглени хидрати
Филе карибик
150 гр свинско филе, лажица зејтин, сол, кромид, чешне лук, пола лажиче цимет, бибер, пола лажица сецкана мајчина душица и оригано, 100 гр домат, пола банана, 3 парчиња ананас, пола парче путер.
Месото испечете го на масло, посолете и извадете. Продинстајте го исецканиот кромид и бибер, додајте ги зачините и исецканиот домат. Направете пире, додајте 250 мл вода и гответе го ова околу 10 мин. На ова додадете му го месото и оставете 20 мин да отстои. Овошјето исечете го, испечете го на масло и додадете го на месото.
Хранлива вредност: 355 кал, 14 гр масти, 20 гр јаглени хидрати
Раженчиња со ананас
10 гр ананас, 25 гр шеќер, 150 свинско филе, пола лажица благ буковец, пола лажица путер, сол и бибер, кари, 50 мл бело вино, 20 мл слатка павлака.
Исецканиот ананас напрашете го со шеќер и оставете го пола час. Месото исецкајте го на парчиња, премачкајте го со буковецот и заедно со ананасот редете го на ражнич. Испечете го на путер, зачинете, извадете. Во сосот кој остана во тавчето додајте го виното, слатката павлака и зачинете го со сол, бибер и кари.
Хранлива вредност: 385 кал, 8 гр масти, 34 гр јаглени хидрати
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.