Филип Кузмановски ја продолжи својата верност кон Металург до 2019 година. Левиот бек кој се врати по повредата, доби награда за добрите игри во оваа сезона со продолжување на договорот со тимот од Автокоманда.
Кузмановски кој во 2015 година дојде во Металург во трансфер кој се покажа како полн погодок. Младиот наш репрезентативец блесна во вистинско светло и полека се наметнува како еден од играчите на кого ќе се потпира играта на македонската репрезентација во иднина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.