| четврток, 6 декември 2018 |

Проблем за Металург: Филип Кузмановски побарал раскин на договорот заради неисплатени плати

Најдобриот ракометар на РК Металург, Филип Кузмановски побарал да биде ослободен од обврските од страна на клубот. Металург му должи неколку плати на играчот, па така Кузмановски се решил на најнепосакуваниот чин, да бара раскин на договорот преку РФМ.

Заминувањето на Кузмановски би било и тоа како голем удар за клубот од Автокоманда. За потсетување, пред неколку месеци Кузмановски според реномираниот сајт „Хандбал Планет“ беше сместен помеѓу најдобрите малди ракометари во светот.

Доколку Кузмановски го добие спорот и стане слободен играч, за него интерес има од екипите на Вардар, ЕуроФарм Работник, Железничар, Констанца, ППД Загреб. Ианку Кузмановски од следната сезона ќе настапува за германски Магдебург со кого има потпишано преддоговор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top