| четврток, 6 декември 2018 |

Пипен: Кога Мајкл првпат замина во пензија, бев најсреќниот човек на светот!

pipen i jordan

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Скоти Пипен освои шест шампионски прстени заедно со Мајкл Џордан во Чикаго. Но, како што изјави Пипен за „ЕСПН“, тој бил најсреќниот човек на светот кога во 1993 година „летечкиот“ Мајк за првпат замина во пензија.

– Кога тој се пензионираше ја имав водечката улога во клубот, а тоа ме направи најсреќниот на светот. Тоа не беше случајот кога игравме заедно со Мајкл, кого го знаеме каков беше на теренот. Сепак, како што поминуваше времето посакував што поскоро да се врати – изјави Пипен.

Првата година по пензијата на Џордан, Булси остварија скор од 55-27, а Пипен постигнуваше 22 поени и 8,7 скока по натпревар и заврши на третото место во трката за МВП на НБА лигата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top