Македонскиот ракометен вицепрвак Металург славеше победа над хрватскиот шампион ППД Загреб во натпреварот од регионалната СЕХА лига.
На средбата која се играше вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, ракометарите на Металург го совладаа ППД Загреб со 25-22 (10-10).
Со по 5 постигнати голови најефикасни во редовите на Металург беа Филип Кузмановски и Немања Обрадовиќ, а голманот Мартин Томовски имаше 10 успешни одбрани.
Кај гостите од Загреб, а воедно и на натпреварот, најефикасен беше Стипе Мандалиниќ кој средбата ја заврши со постигнати 7 гола.
Следен противник на Металург ќе биде словенечката екипата Горење која вечерва гостува во Хрватска кај Нексе.
Табела: Вардар 44 бодови, Веспрем 41, Целје 30, ППД Загреб 28, Мешков Брест 26, Металург 13, Горење Велење 12, Нексе 12, Татран Прешов 10 и Извиѓач 3.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.