Транспортот на нафта и нафтени деривати од вечерва до 5 март ќе може да се внесува во државата и преку граничните премини Дојран и Меџитлија. Ова е дел од владините мерки за справување со кризата во транспортот преку ГП Богородица, заради протестите и блокадите од грчката страна на преминот.
Портпаролот Александар Георгиев посочи дека блокадите предизвикуваат економски штети во државата кои може да предизвикаат нафтена криза и дека отворањето на можноста за транспорт на нафта и нафтени деривати преку другите два гранични премини се времен одговор на предизвикот.
Од владата нагласуваат дека дека мерката ќе стапи во сила веднаш откако царинската управа ќе обезбеди логистика за зголемениот обем и за минување на транспортерите, односно откако МВР ќе обезбеди нормално одвивање на сообраќајот од граничните премини до внатрешните царински терминали. Треба да се земе предвид и дека поради пристапноста и квалитетот на патот, кој не е идентичен со оној кај ГП Богородица, ќе има предизвици и ситуации на забавен сообраќај, но институциите ќе работат за да обезбедат непречен проток.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.