| четврток, 6 декември 2018 |

Ужас над ужасите: Нашле момче мртво во канал, очувот го казнил поради тоа што се измочал во гаќи

Петгодишно дете е најдено мртво во канал на северот на Франција, откако наводно очувот го казнил поради тоа што се измочал во кревет.

Во казнувањето учествувала и мајката на момчето. Наводно тие малиот Јанис го натерале да трча среде ноќ неколку километри, облечен само во гаќи и чорапи. Очувот, како што пишува „Мирор“ го следел на велосипед. Безживотното тело било најдено подоцна, откако очувот повикал брза помош. Според првите информации, причините за смртта е застој на срцето.

Француските медиуми пишуваат дека момчето имало повреди на главата  и скрешн нос.

Мајката (22) и очувот (30) се уапсени поради сомневање дека се одговорни за смрта на детето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top