Овен
Овните се познати по тоа што сакаат брз, агресивен и груб секс. Пробајте предизвикувачка поза одзади, во која тој седи на креветот со испружени нозе додека вие лежите на неговите нозе, сосема испружени, свртени со грбот кон него. Оваа поза ви овозможува подлабока пенетрација и му дозволува целосна контрола.
Бик
Мажите Бикови сакаат сензуален, бавен секс. Пробајте ја мисионерската поза. Тој ќе може да ја одреди брзината и истовремено да ја покаже својата нежна страна.
Близнаци
Овие фраери се познати по тоа што се мајстори за секс набрзина. Пробајте поза во која двајцата стоите свртени еден кон друг додека вие сте потпрени на ѕид.
Рак
Раковите се неодлучни и може да изгледаат како да имаат подвоена личност – во еден момент се нежни, а потоа се груби. Пробајте поза во која вие сте горе. Така ќе можете да ја преземете контролата ако тој постојано го менува темпото.
Лав
Лавовите се многу романтични и особено ќе се потрудат да ви биде пријатно. Замислете прекрасна сатенска постелнина и свеќи. О да, тој дефинитивно ќе ви го овозможи тоа. Пробајте ја позата лажица. Таа ќе му овозможи да биде сензуален со оглед на тоа што тој е вистиниски романтичар.
Девица
Девиците сакаат сè да биде уредно и обично тие се оние што сакаат да го задоволуваат другиот. Легнете на грб, додека нозете ви се во воздух и ја оформуваат буквата „V“ – тоа ќе му овозможи да ги покаже своите, хммм, таленти.
Терезија
Терезиите едноставно се добри во сè. Тој ќе брилира во секоја поза, па можете да ја пробате оваа покомплициранава: нека ве крене во прегратка, заобиколете го со нозете и, верувајте ни, тој ќе знае како понатаму…
Скорпија
Начинот на кој Скорпиите водат љубов е мошне сличен на начинот на кој комуницираат со своите партнери (на пример, мажот што сите ваши проблеми ги решава в кревет… о да, тоа е Скорпија). Пробајте ја позата лице в лице. Почнете со позата „doggy“, па потоа ротирајте на коленици така што ќе гледате еден во друг. Контактот со очи е дел од комуникацијата во сексот, што им е исклучително привлечно на Скорпиите.
Стрелец
Тие се најспонтаниот од сите знаци. Па ако ви се допаѓа секс на јавно место, бинго! Сте го нашле својот идеален партнер. Пробајте ја позата во која стоите додека тој влегува во вас одоздола, и истовремено со рака ја држи вашата нога која е малку свиткана во коленото. За да го постигнете дополнителното чувство на возбуда од сексот на јавно место, кажете му да ве потпре на прозорец за дополнително воздбудување бидејќи некој може да ве види.
Јарец
Им се допаѓаат камшици и синџири. Да, Јарците сакаат С/М. Пробајте ја позата „doggy style“, но спуштете ја главата на перница. Она што му се допаѓа е целосно да ја контролира ситуацијата, а оваа поза ќе му го овозможи тоа. Но внимавајте на можното камшикување и валканите разговори. Прво разговарајте за тоа што сакате, а што не, и поставете ги границите.
Водолија
Овие мачиња сакаат секс-играчки и разни реквизити. Додека сте врз него, земете го вашиот вибратор и тријте го од вашиот клиторис. Тоа дополнително ќе го стимулира и максимално ќе го возбуди.
Риби
Рибите одлично знаат да го читаат говорот на телото, така што сексот со нив речиси секогаш е феноменален бидејќи точно знаат што сакате и како го сакате тоа. Исто така сакаат да испробуваат разни улоги. Јавајте го во позата „превртена каубојка“ и потоа додадете некоја улога за оваа поза да биде во скалд со своето име. Еј, ти, секси-каубојко!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.