Хит претставата „Детектор за лаги“ повторно е на репертоарот на охридскиот Народен театар…Претставата ќе биде одиграна во сабота, 11 февруари. Билети во продажба на билетарата на Центарот по цена од 200 денари.
„Детектор за лаги“ е театарско дело работено по текст на Василиј Сигарев, под режисерската палка на Ненад Витанов.
Во претставата играат Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски.
За костимите на актерите се погрижи Александра Крнинова Груев, а сценографијата ја подготви Филип Коруновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.