| четврток, 6 декември 2018 |

Опожарената зграда во Охрид се санира

ohrid strujomerОхридските власти ја санираат настанатата штета од пожарот во зградата на булеварот „Туристичка“. Од вчера на пладне приклучени се на мрежата за електрична енергија, за што се ангажира и посебна фирма во чија надлежност се ваквите активности.

-Презадоволни сме, бидејќи претходно од ЕВН ни рекоа дека санацијата ќе трае околу 40-тина денови.  Ова испадна над очекувањата, а сакаме јавно да му заблагодариме на градоначалникот. Се интервенираше на водоводната и канализационата мрежа на становите кои се наоѓаат веднаш над броилата. Се корне изгорената столарија, а новата која е веќе порачана чекаме да пристигне во секој момент. Материјалната штета е огромна, но локалната самоуправа финаниски застанаа зад нас, како што претходно ни вети –  вели Белинда Андоновска, жителка на опожарената зграда.

При посетата на опожарената зграда,  градоначалникот Никола Бакрачески истакна дека обврска на локалната самоуправа е да ги застапува интересите на станарите, а веќе во четвртокот се презедоа координативни активности помеѓу службите во општина Охрид, екипите од Противпожарната служба, Центарот за управување со кризи како и екипите на ЕВН Македонија.

Пожарот во оваа зграда изби во неделета навечер од броилата за електрична енергија. Пожарот бил изгаснат со брза интервенција на противпожарната единица од Охрид, која пристигнала со повеќе возила. Локалната самоуправа ќе направи се што е во нејзина надлежност за да им излезе во пресрет на граѓаните кои што живеат во оваа зграда.OHRID_POZAR_TABLA

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top