| четврток, 6 декември 2018 |

Моторџија загина во тешка сообраќајка во Охрид

policija_soobrakajka

 

Моторџија загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила утрово околу 5.30 часот на улицата 15 Корпус во Охрид.

Како што информираат од СВР, до сообраќајната незгода дошло кога автомобил „опел калибра“ со швајцарски   регистарски таблички, управувано од Ф.К. (31) од Охрид, директно удрило во мотор марка „Џилера“. Возачот на опелот со 1,07 промили алкохол во крвта удрил во моторџијата во моментот кога се обидел да се приклучи на коловозната лента, во правец кон селото Лескоец.  Притоа, опелот директно удрил во левата страна од моторциклот.

51- годишниот Ратко М. Од Охрид починал на лице место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top