51-годишниот возач на скутер загина на лице место во тешката сообраќајна несреќа која утринава се случи во Охрид.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи утринава околу пет часот на магистралниот пат Охрид-Битола на излез од Охрид се судриле „опел калибра“ со швајцарски ознаки и скутер. Од ударот на лице место починал мотоциклистот, 51-годишниот Ранко М., додека возачот на „опелот“ , 30-годишениот С.К. е добро.
Полицијата извршила увид и се работи на расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.