Во рамките на Фестивалот на чајот и читањето, кој е веќе отворен и се одржува во Културниот центар Феникс,терминот од 8-15 февруари ќе биде отстапен за Неделата на љубовта.
Имено, посебен акцент ќе биде ставен врз книгите и уметничките слики со тема љубов, кои ќе се продаваатпо симболични цени со големи попусти од 50 – 80 отсто.
Љубителите на книгата кои ќе се одлучат за комплетите со книги со љубовна тематика, како подарок ќедобијат чај и вино.
А, сите посетители на Неделата на љубовта можат да станат членови на Клубот на книгата Феникс собесплатна легитимација за попусти во текот на целата година.
На Неделата на љубовта се презентирани над 100 изданија со љубовна тематика и исто толку ликовни делаод помал формат – идеални за подароци за вљубените и најблиските.
Инаку, меѓу делата со љубовни теми се издвојуваат: Мелем за вљубените, Фенг шуи формули за љубов,Рецепти за совршен брак, Принцезата Султана, Љубовница, Лифтот (не) е за двајца, Љубов – Патешествие идруги.