Девин Букер одигра меч за историја за Феникс на гостувањето против Бостон (130-120), откако младиот кошаркар на „сонцата“ блесна во сиот свој сјај, постигнувајќи неверојатни 70 поени за својот тим. Тој е само шестиот кошаркар кој успеал да стигне до оваа бројка, единствен од сите активни играчи во НБА-лигата, воедно и убедливо најмлад ако се знае дека Букер стигна до ова остварување на само 20 години. Тој погоди 21 од вкупно 40-те упатени шутеви од поле (4/11 за тројка), од линијата за слободни фрлања имаше одличен ефект 24/26, собирајќи ги аплаузите и од противничките кошаркари, но и од навивачите на Бостон кои не го криеја задоволство што беа сведоци на историја.
Шампионот Кливленд стигна до победа на гостувањето против Шарлот благодарение на Леброн Џејмс и неговите 32 поени и 11 асистенции, додека Голден стејт ја доби пресметката со Сакраменто (114-100), меч во кој „воините“ беа предводени од Стеф Кари (27 поени, 12 асистенции и шест украдени топки).
Резултати НБА:
Шарлот – Кливленд 105-112, Индијана – Денвер 117-125, Орландо – Детроит 115-87, Вашингтон – Бруклин 129-108, Бостон – Феникс 130-120, Чикаго – Филаделфија 107-117, Хјустон – Њу Орлеанс 117-107, Милвоки – Атланта 100-97, Голден стејт – Сакраменто 114-100, ЛА лејкерс – Минесота 130-119 (по прод.)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)