
Пролетниот дел од ракометната сезона во женска конкуренција почнува викендот на 25 и 26 февруари.
Девојките ќе одиграат уште 14 кола од регуларниот дел, а потоа следи плеј-офот. Финалето од „фајнал-фор“ турнирот е предвидено за 27 и 28 мај. Најдобрите екипи заедно со Вардар ќе разигруваат за титулата.
Четвртфиналните натпревари од Купот ќе се играат на 19 и 20 април, а завршниот турнир меѓу 19-21 мај.
Машкиот шампионат ќе заврши на крајот од март, а за 1 и 2 април ќе започнат плеј-оф и плеј-аут натпреварувањата.
Крајот на шампионатот се очекува да биде на 3 и 4 јуни, завршниот Куп турнир, како и кај девојките ќе се одржи од 19 до 21 мај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


