| четврток, 6 декември 2018 |

Стејт департмент: САД го поддржуваат територијалниот интегритет на Македонија

stejt

-Позицијата на САД кон Македонија не е променета- соопшти американскиот Стејт департмент во врска со изјавите на американскиот конгресмен Дана Рорабахер дека Македонија треба да се подели меѓу соседите. ­    -САД гo признаваат и подржуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија. Оваа позиција не е променета- изјавил претставник на американскиот Стејт департмент за Гласот на Америка на албански јазик.

Македонското МНР преку Амбасадата во Вашингтон вчера побара став од Стејт департментот за изјавите на Рорабахер дадени во интервју за телевизискиот канал „Визион Плус“ од Тирана.

Рорабахер во интервјуто меѓу другото вели дека „создавањето на Македонија е пропаднат проект и оти сега биле созадени сите околности да се подели меѓу соседните држави, вклучувајќи ги и Косово и Албанија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top