| четврток, 6 декември 2018 |

Умре еден од двата морски лава во скопската Зоолошка

 Во утринските часови во Зоолошката градина-Скопје угина едниот од двата морски лава, кои се дојдени од ЗОО во Загреб.

Од Зоолошката градина на Град Скопје информираат дека не знаат дали причините за угинувањето на морскиот лав се последица на ниските температури и временските услови.

Морскиот лав е даден на обдукција на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top