Пингвини, слон, мајмуни, морски лавови и фламинго птици се само дел од егзотичните животни кои скопјани наскоро ќе може да ги откријат при посетата на Зоолошката градина во Скопје. За да се овозможи нивен престој, од Зоолошката градина во континуитет работат на реконструкција на постојните и на изградба на нови живеалишта. Веќе е потпишан договор за изведба на живеалиште за пингвините, за кое е предвидено да се одвојат околу 18,9 милиони денари. Напролет треба да пристигнат и пингвините од Виена.
Во меѓувреме, од Зоолошката градина работат и на реконструкција и доградба на мајмунарата. Комплетно треба да се уреди и слонарата во текот на претстојната есен.
По исполнувањето на строгите услови за чување на слон, одговорните лица од Зоолошката градина очекуваат дека ќе успеат да донесат примерок од ова животно во Скопје. Меѓу активностите кои вклучуваат градежни работи, од Зоолошката градина во наредниот период планираат да извршат адаптација на старото живеалиште на нилскиот коњ во мултифункционален едукативно-образовен центар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
“Чоколадни капки “ – самостојна изложба на Ѓорѓе Јовановиќ во галеријата Hoast во Виена
-
„Исцелител“ во Виена прогласен за најдобар дебитантски филм во Југоисточна Европа
-
„Исцелител“ на Меѓународниот филмски фестивал во Виена
-
Ќерката ја давел со кабел, сопругата ја избодел до смрт, па си пресудил себе си – крвава Нова година!