Блажо Грковиќ од село Врба кај Гачко е името на храбриот 48-годишен Херцеговец кој задавил мечка со голи раце. Мечката го нападнала Блажо додека чувал овци и иако се здобил со неколку повреди, не е во животна опасност.
Грковиќ, кој сега се наоѓа во болница, во разговор за агенцијата Срна потврдил дека се чуствува подобро и дека дури сега е свесен што се случило.
Во општина Гачко, Блажо бил одамна познат по својата храброст, но овојпат ни самиот не знае како го совладал крволочното животно.
– Во еден момент, едната рака ми беше во рацете на мечката, а со другата го држев животното за грклан, додека не падна – вели тој.
Откако со голи раце ја удавил мечката, Блажо успеал да го повика соседот Божидар Елез, кој пак повикал итна помош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.