| четврток, 6 декември 2018 |

Објавена „Бонтон за деца“ од писателот Наум Попески

Станува збор за книга за убаво однесување, а авторот е познат по тоа што првпат на македонски јазик објави книга со ваков наслов уште пред нецели дваесет години…

Просветно дело Скопје – Редакција Детска радост објави нова книга за најмалите од писателот за деца Наум Попески, насловена „Бонтон за деца“.

– Овојпат најновава книга ја адаптирав за децата од предшколска возраст, а во неа провејуваат прозни и поетски содржини со поука и порака во детското секојдневие. Јас неодамна за децата од оваа возраст ја објавив и книгата „Низ сончевиот пат на македонската азбука“ каде што ги опеав сите букви од македонската азбука со убави илустрации во боја кои придонесуваат за учење на македонската азбука низ радости и забава, изјави Попески.

Наум Попески е автор на 17 книги за деца, а голем број негови песни се застапени во читанките по македонски јазик. Тој е застапен и во многу антологии на литературата за деца, преведуван е на сите балкански јазици и учесник на сите манифестации и фестивали на литературата за деца кај нас и во регионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top