| четврток, 6 декември 2018 |

Англичаните ќе инвестираат 1,4 милион фунти во развој на ракометот

anglija rakomet

Владата и Националната лотарија издвоија 1,415 милиони фунти за развој на англискиот ракомет, во наредниот четиригодишен период.

А, иако досега немаат некои позабележителни резултати, ракометот е спорт во подем на Островот. Процесот на систематско вложување во развојот на овој спорт почна од ОИ 2012 во Лондон, а продолжи и во наредниот период.

Сумата што Англичаните ја издвојува за ракометот во новиот четиригодишен период е за 260.000 фунти поголема во однос на она што беше вложено во последните четири години. Како што посочуваат раководните луѓе во англискиот ракомет, најголем дел од средствата се насочени во реализација на програмата за развој на таленти.

– Ракометот е добра позиција и овие средства ќе овозможат спортот да се развива со поставеното темпо и во наредните четири години. Почнуваме од базата и клучна област за успех за нас е секторот на образованието. Бројот на тимови што се натпреваруваат во националната училишна лига од 25 во 2009/2010 зголемен е на 1.400 во 2016/2017, повеќе од двојно е зголемен бројот на универзитетските екипи. Бележиме фантастичен напредок во младинските селекции за играчи до 16 и за играчи до 18 години, каде квалитетот ќе дојде до израз во наредниот период. Во развој е и клупскиот систем каде исто така имаме развиено и адаптирана верзија на играта наречена „Пробај ракомет“. Имаме талентирана генерација што доаѓа и овие финансиски средства наменети за ракометот се добредојдени – истакнува извршниот директор на Англиската ракометна федерација, Дејвид Мели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top