| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија го освои среброто во куглање на СП во Унгарија

Машката кугларска репрезентација на Македонија, го освои сребрениот медал на Светското првенство во Залаегершег, Унгарија. По фантастичната победа над Србија со предност од само 4 кегли, и влезот во финалето, нашите куглари ги одмерија силите со домашната селекција на Унгарија и беа поразени, со 4012 – 3809 соборени кегли.

Унгарците покажаа надмоќ во финалето победувајќи во сите шест поединечни дуели, но, сепак, ова е голем успех за македонската кугларска репрезентација.
Во финалето боите на Македонија ги бранеа Дамир Фучкар, Урош Штоклас, Александар Соколовски, Борис Бенедик, Бојан Влаќевски и Сашо Трпковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top