| четврток, 6 декември 2018 |

ДНК тестот открива: Секој петти Црногорец не е татко на детето

Секој петти ДНК тест за татковство во Црна Гора е негативен, односно покажува дека тестираното лице не е татко на детето, соопшти црногорскиот весник „Вијести“.

Весникот посочува дека статистиката во другите европски земји ги покажува истите резултати.

Експертите тврдат дека точноста на ДНК тестот за татковство е речиси стопроцентна и со него може да се утврди татковството дури и пред бебето да се роди, и тоа без опасност за мајката или детето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top