| четврток, 6 декември 2018 |

Три хороскопски знаци кои највеќе изневеруваат

Неверството им е во крвта и при првиот емотивен проблем во врска знаат да се оддалечат и да побараат нов емотивен партнер. Некој кој ќе им го подигне егото и ќе внесе ново ниво на енергија во врската. Кои знаци се најголеми прељубници?

Близнаци

Заводливи и шармантни, немаат проблем да привлечат внимание кај спротивниот пол. Пленат со нивната харизма и никој не останува рамнодушен кон нив. Но, нивното внимание трае кратко, па овој знак знае да ги комплицира емотивните односи. Станува збор за изневерување, бидејќи кога ќе се создаде прилика која во нив буди страст, тешко можат да и одолеат.

Лав

Лавовите мораат да бидат во центарот на вниманието каде и да се наоѓаат. Жените во овој знак се вистински кралици на драмата, своите желби ги ставаат пред сите и пред сè. Доколку не се почувствуваат доволно битно или доколку се почувствуваат потценето, го креваат носот и ја покажуваат својата најлоша страна на личноста. Во случајот да го немаат целосното внимание во врската, лесно ќе се свртат кон друг партнер. И нема да им биде жал поради тоа.

Вага

Вагите се кралици на флертот. Тие сакаат да даваат и добиваат комплименти, а ова е храна за нивното его. И кога се највљубени и целосно посветени на партнерот, и понатаму продолжуваат да заведуваат на страна, а тоа често може да прерасне во нешто повеќе. Со оглед на тоа што се естети, вагите често паѓаат на пофалби за нивниот изглед, а нивното внимание ќе го освои личност која е убава, заводлива, но и опуштена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top