| четврток, 6 декември 2018 |

Андреј и Панчо со песна им го честитаат празникот на дамите (видео)

Андреј и Панчо повторно имаат уникатно решение како празникот 8 март да им го честитаат на дамите – а како поинаку освен со песна. Станува збор за темата со наслов „Пола човек“, за која веќе е снимено и видео.

Станува збор за композиција со интересен призвук, зад која како автори стојат Панчо, чиј е текстот, и Лазар Цветковски, кој го потпишува аранжманот, додека музиката е нивното заедничко дело. Видеото, пак, претставува несекојдневна крими-приказна, односно раскажува за еден љубовен триаголник во кој еден мами, а другиот е измамен. Главните улоги очекувано ги имаат Панчо и Андреј, и атрактивната Олгица Стрика од Куманово, а покрај нив уште се појавуваат и неколку мошне интресни ликови, како Буцо Битбокс, Давор Минчоров и Влатко Спиров. Спотот е снимен под режисерската палка на Александар Ристовски – Принц и на неколку интересни локации, како што е една напуштена фабрика во околината на Скопје, на отворено и во хотелот Loginn. Мастерингот е направен во Лондон од страна на магичните раце на Стрики, кој работи за лондонското Метрополис студио. За шминката се погрижи Елеонора Марк.

-И со ова видео, кое патем ни е прво со Принц, сакавме да ја задржиме традицијата – песна и спот во исто време. Мотив во целата приказна е љубовта, па токму затоа сакавме и со неа да им го честитаме празникот на сите припаднички на понежниот пол, кои заслужуваат љубов и внимание секој ден, велат Панчо и Андреј.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top