| четврток, 6 декември 2018 |

Опседнати со првата дама: Меланија под лупа и на забавата за Супербол

melanija tramp

Најпопуларниот спортски настан во САД е секако Суперболот, кој се одигра синоќа, а тимот на Њу Ингланд патриотс повторно успеа да стане шампион на НФЛ лигата. По изборот на претседателот Трамп, неговата сопруга секојдневно го привлекува вниманието на јавноста, а не беше ништо поинаку ниту на денот на Суперболот кој Американците со задоволство го чекаат.

Претседателот Трамп на еден од своите имоти по повод големиот спортски настан организирал забава по повод Супербол, а таму тој седел до својата сопруга. Сепак, по објавувањето на фотографиите од забавата многу корисници на социјалните мрежи имаа што да искоментираат за тоа колку таа изгледа среќно што е таму, па дел од коментарите беа дека таа го сака Суперболот колку што го сака својот сопруги и дека има луѓе што и на погреб изгледаат посреќно. Заради оваа фотографија популарни станале хаштаговите за спас на Меланија.

01

02

Тие ја споредиле и првата забава по повод Суперболот на Обама, со мнoгу поформалната на Трамп.

03

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top