| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто легендарните цртани ликови секогаш имаат бели ракавици?

Дали сте забележале дека легендарните анимирани ликови како Мики и Мини Маус, Шилјо, Пинокио секогаш носат бели ракавици?

Џон Кејмејкер, професор на њујоршкиот универзитет и аниматор истакнал дека постојат три причини поради кои многу класични анимирани ликови носат бели ракавици.

1. Цртањето ракавици штеди време

Кога се родила анимацијата, цртачите по некое време сфатиле дека е многу полесно да се нацртаат ракавици отколку да се цртаат раце со сите детали. На тој начин цртањето било побрзо и поедноставно.

2. Белите ракавици повеќе се истакнуваат

Во црно-белите анимирани филмови црните раце тешко се забележувале. Затоа аниматорите им цртале бели ракавици за да се истакнат рацете повеќе.

3. Волт Дизни сакал на ликовите да им даде човечки карактеристики

Во својата биографија од 1968 година Дизни објаснува зошто Мики Маус како прв анимиран лик кој тој го создал, носи ракавици.

– Не сакавме Мики да има глувчешки раце, бидејќи тој беше замислен со многу човечки карактеристики. И затоа му ставивме ракавици – објасни Дизни.

Интересно е што многу птици во цртаните филмови не носат ракавици. Но, стручните лица за анимација истакнуваат дека објаснување зошто е тоа така можеби никогаш нема да добиеме.

Во англискиот јазик постои и израз white glove test (тест на белите ракавици) кој означува важност дека нешто е направено беспрекорно, прецизно и без грешка. Доаѓа од праксата настаната во САД во педесетите години на минатиот век, кога се ставале бели ракавици и со прст се минувало по површината за да се утврди колку е чиста.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top