| четврток, 6 декември 2018 |

Ова е најбрзиот тест за интелигенција, тестирајте се сами!

Постојат голем број на тестови и анкети кои се дизајнирани да ја измерат интелигенцијата, но овој е најбрз и наједноставен.

Истражувањето на универзитет во Рочестер имаше за цел да направи вежба преку која ќе се тестира несвесната можност на мозокот да ги препознае визуелните движења, за на крај научниците да заклучат дека подобрата перцепција всушност се поврзува со интелигенцијата.

На пример, луѓето со повисок степен на интелигенција можат да забележат кои објекти се поместуваат побргу.

Затоа, ако фрлите топка, интелигентните луѓе побргу ќе можат да го предвидат нејзиниот правец.

Исто така, интелигентните луѓе побргу ги отфрлаат непотребните информации кои се појавуваат во позадина.

На тој начин е создаден и овој видео тест, во кој се што треба да направите е да воочите на која страна се поместуваат линиите на екранот, лево или десно.

Резултатите покажаа дека луѓето со повисок IQ побргу одредуваат на која страна се движат линиите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top