| четврток, 6 декември 2018 |

Наследникот на Александар Донев не мора да полага психолошки тест и тест на интегритет

Министерството за економија објави дека изготвува предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за основање на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Во образложението пишува дека ќе се променат условите за избор на директор, со тоа што ќе биде отстранет условот за положен психолошки тест и тест за интегритет.

-Во однос на психолошкиот тест, тоа е често користена алатка за проверка на психолошките карактеристики на кандидати за определени работни места, но проблем претставува фактот што во Република Македонија не постојат овластени правни лица кои располагаат со соодветен стручен кадар кои ќе развијат соодветни психолошки тестови за секоја различна работна позиција, вклучувајќи ги и избраните и именуваните лица- пишува во образложението.

Психолошките тестови за сите директори и заменици се укинати со измените на Законот за административни службеници, кои Собранието ги донесе на 15 јануари годинава. Власта сега ги укинува сите засебните одредби за полагање вакви тестови кои ги има во законите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top