Дали коренот на вашите стравови е поврзан со травматично чувство на беспомошност што сте го преживеале во еден период од животот, од детството или можеби има врскa со односот со родителите
Нашата потсвест сокрива многу емоции за кои можеби и не сме свесни. Во психологијата постојат т.н. проекциски психотекстови кои ги откриваат најдлабоките чувства. Еден од тие е оној со дамка од мастило. На овој текст треба да одговорите што гледате прво на сликата.
Девојчето
Тоа покажува дека вашите потиснати емоции најверојатно доаѓаат од детствто. Тоа може да биде траума од раното детство или дури од перинаталната фаза, во текот на бременоста, породувањето или во самите почетоци на неонаталната фаза. Односот со мајакта е клучен за емоционалниот развој. Ако детето поминало премногу време во болница далеку од мајка си или од неа поминувало многу малку ѝубов или воопшто можно е несвесно да се рефлектира во разни стравови, на пример страв од донесување одлуки.
Пеперутката
Пеперутката е симбол за кој се врзуваат многу значења. Според толкувачите на соништа, светла и шарена пеперутка е знак на добра надеж, нов настан во живото, нова среќна и просперитетна фаза.
Темна пеперутка со светли шари на крилјата се поврзува со пропуштена шанса, за која не сме знаеле или не сме ја препознале, а можело да ни биде корисна. Значењето на овој симбол прозиегува од духовната страна која ги води пеперутките до светот на мртвите. Тие ја водат душата во живот по смртта.
Ако прво ја видовте пепрутката на сликата, можно е да имате потреба да го пронајдете својот пат низ својата душа или низ душата на луѓето што веќе ги нема.
Јагодата
Сместена во средиштето на сликата и поголема отколку во стварноста, јагодата симболизира срце и љубов. Според една легенда, Венера не можела да престане да плаче поради смртта на Адонис, а од секоја солза што капела на земјата, се создавала јагода.
Ако прво ја водовте јагодата, тоа може да значи дека стравувате дека вашата љубовна врска че заврши лошо или дека ќе се вљубите во некој кој не е за вас и не ви одговара. Луѓето кои имаат вакви стравови често все во врски кои немаат иднина. Коренот на овој страв е во комплицираниот однос со едниот од родителите во детството, но и со односот меѓу родителите и со начинот на кој ја изразувале љубовта.
Черепот
Череп на сликата нема, туку тоа е оптичка илузија. Некои луѓе не го гледаат сѐ додека некој не им го покаже, но ако сте го виделе без некој да ви го покаже, тоа покажува дека веројатно живеете во страв од разочарувања од другите луѓе. Може да се работи и за страв од сопствената смрт или смртта на некој близок. Причина за тој страв може да биде фактот дека во минатото сте се чувствувале ужасно беспомошно во некои ситуации на кои не сте можеле да влијаете.
Двете дрва
Стеблото е симбол на нашите корени, а во овој случај свете стебла создаваат мост кој може да укажува на тоа дека во вас постои судир што сѐ уште не сте успеале да го решите. Двојбите, стравовите или судирите со кои се борите и никако не пронаоѓате решенија, ќе ги отстраните полесно ако замолите некого за помош, некој кој ќе гледа од дистанца на работите и без предрасуди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.