| четврток, 6 декември 2018 |

Класниќ: Јасно е дека лекарите погрешија, можев да умрам!

klasnic

Поранешниот хрватски фудбалер, Иван Класниќ ја продолжи својата битка против лекарите на Вердер, кои ги обвинува дека не успеале навреме да го откријат неговиот здравствен проблем со бубрезите. Адвокатите на Класниќ ја доставија целата документација против поранешните лекари Геце Димански и Манју Гуа.

Медицинскиот вештак на судското рочиште изнесе низа пропусти и грешки поврзани со работата на лекарите и за кои проценил дека за инфекцијата на Класниќ се знаело уште од 2002 година. Докторите уште тогаш морале да го стават фудбалерот под посебен надзор и да не му даваат лекови, кои можат да ми ги оштетат бубрезите.

ivan klasnic 1

– Јасно е дека лекарите погрешија. Никакви пари не можат да ја надоместат мојата голгота, низ која поминував целото време. Едноставно можев да умрам – изјави Класниќ.

Неговите здравствени проблеми започнаа во 2007 година. Најпрво му беше трансплатиран бубрег од неговата мајка, но неговото тело го отфрли. Потоа му беше трансплатиран и бубрег од неговиот татко, но и таа оперсвија заврши без успех, па сега чека на трета трансплатација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top