| четврток, 6 декември 2018 |

Северина со алка од бившиот, која чини колку еден автомобил

севе

Северина Којиќ го објави видеозаписот за баладата „Као“, во кој, меѓу другото, доминира нејзината златна алка која изгледа многу ја сака…

А како и да не ја сака кога чини колку и еден автомобил?! Станува збор за посебна алка „картие“, која ја добила од бившиот свршеник Милан Поповиќ.

-Милан и’ подари многу посебна алка од ’Картие’ од серијата ’љубов’, која е инспирирана од љубовта и поврзаноста на партнерите. Алката се заклучува со посебен клуч- изјави извор за српски „Телеграф“, додавајќи:

-Инаку, Милан очигледно не штедел кога избирал накит за Северина, па за алката издвоил, наводно, дури 6.000 евра. Алката е изработена од злато, проткаена е со златни шрафови, а со неа се добива и златен клуч кој отвора посебен шраф, па може да ја извади само сопственикот на клучот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top