Љубомир Врањеш ќе биде новиот селектор на Унгарија на местото на Шпанецот Ксавиер Сабате. Вчера беше официјализирано дека актуелниот тренер на Фленсбург од јуни ќе ја преземе клупата на Веспрем, а денеска од Унгарската ракометна федерација е потврдено дека тој ќе го наследи Сабате и на селекторскатa функција во унгарската репрезентација.
Машката ракометна репрезентација на Унгарија на СП во Франција под водство на Сабате заврши на седмото место. Мандатот на Сабате истече на 31 јануари и Унгарците му се заблагодарија на соработката. На негово место доаѓа Љубомир Врањеш со тригодишен селекторски договор до 31 август 2020.
Врањеш ќе биде трет селектор на репрезентацијата на Унгарија во последнава година и пол, по Талант Душебаев и Ксавиер Сабате.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.