| четврток, 6 декември 2018 |

Франк Лампард објави дека ја завршува фудбалската кариера

frank lampard

Легендарниот англиски фудбалер Франк Лампард и долгогодишен член на Челси, на 38-годишна возраст објави официјален крај на својата активна фудбалска кариера. Тој во иднина ќе се посвети на учење на тренерскиот занает и се очекува да биде приклучен во академијата на Челси, нешто слично како и Стивен Џерард кој се врати во Ливерпул.

Лампард кариерата ја заврши во МЛС – лигата на САД, каде што играше за Њујорк сити, а во Премиер – лигата беше дел една сезона и од Манчестер сити, почнувајќи ги фудбалските чекори во Вест Хем. За репрезентацијата на Англија одигра 106 натпревари и постигна 29 гола.

– По 21 неверојатни сезони како фудбалер, а на 38 – годишна возраст, чувствувам дека дојде моментот за следниот чекор во мојот живот. Ќе се сеќавам на секој момент, од 1996 година кога дебитирав за Вест Хем, преку прекрасните мигови во Челси каде минав повеќе од една деценија, па се до искуството во Њујорк сити. Секако, и за настапите во националниот тим на Англија. Благодарам на сите со кои соработував, сите тренери, менаџери, фудбалери и соиграчи, на сите фанови…Сега сакам да искажам и благодарност до ФА на Англија, која ми овозможи да почнам да учам за тренерската професија – истакна меѓудругото Франк Лампард.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top