| четврток, 6 декември 2018 |

УХМР: Топењето на снегот може да предизвика заезерени површини

Нивото на Охридско Езеро е за 4 сантиметри под дозволената минимална кота, а водостојот на Вардар во Јегуновце и во Скопје е повисок од вообичаените максимуми за февруари, додека кај другите реки е понизок, соопшти денеска Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Оттаму предупредуваат дека во следниот период, поради топење на снегот во рамниците е можна појава на заезерени површини, особено во делови на Пелагонија, Струмичко Поле, Кумановско и Скопско Поле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top