Партијата на Стевче Јакимовски од следната недела ќе се појави на политичката сцена во Македонија. Во емисијата „Патот кон…“ на Алсат-М телевизија, Јакимовски потврди дека наредната недела ќе се покрене иницијатива за новата партија. Концептот ќе и биде граѓански и мултиетнички.
Според него, токму таквиот партиски профил има перспектива, овозможува развој на демократските процеси и може да ги исполни барањата на граѓаните од различни етнички заедници.
Тој сепак не ја исклучува можноста да соработува со поранешниот премиер, Владо Бучковски, кој ја најави Граѓанската Алијанса за подобра Македонија.
Јакимовски рече дека не размислува на враќање во СДСМ и оти никогаш нема да се помири со лидерот на оваа партија, Бранко Црвенковски, кој, како што изјави Јакимовски во интервјуза Република, му се заканил дека ќе го најде судбината на Љубе Бошкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.