Стевчо Јакимовски да одговара за бесправно градење на објектот на каде што е сместена општина Карпош, бара Финансиската полиција. Од таму во писмено соопштение утрово велат дека до јавното обвинителство веќе поднеле кривична пријава по сомнение дека Јакимовски пред 6 години без одобрение за градба изградил две бараки каде што сега е сместена општинската администрација , а потоа истите ги легализирал. Јакимовски вели дека се работи за политички реваншизам.
-Се работи за објект кој што е времен, за чија изградба имаме одлука на советот. Станува збор за објект чија градба е започната додека бев во СДСМ, во 2012 година. Нивната намера да вршат притисок врз мене и мојата партија нема да им успее. Не со кривични пријави, со тенкови да тргнат на мене, на 30 септември не излегуваме на гласање. Ќе си правиме ајвар, а нивното отрезнување ќе дојде по 30 септември, кога народот ќе си каже тоа што има да го каже- изјави Стевчо Јакимовски за Сител.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Јакимовски: Уште два живота да има Богоев, нема да го постигне мојот успех
-
Јакимовски: На власт дојде режим кој е подготвен да продаде сè живо, само за да може подолго да владее (видео)
-
Јакимовски: За изборните нерегуларности мора некој да одговара
-
Јакимовски: Предметите кои беа изнесувани од општината се мои лични, а не службени