Вчеравечер во 20.30 часот во Прилеп во продавница непознат маскиран сторител се обидел да изврши разбојништво.
Тој влегол во продавницата и од вработената ги побарал парите. Таа се исплашила, ја отворила задната врата од продавницата и почнала да вика по сопственичката. Во тој момент сторителот и се доближил и ја удрил со тупаница во пределот на лицето, по што заминал во непознат правец.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.