| четврток, 6 декември 2018 |

Милан Поповиќ се жали од Северина

Бизнисменот Милан Поповиќ, или ексвереникот на Северина, веќе некое време е во центарот на вниманието заради обвинувањата упатени на сметка на пејачката дека не се грижи како што треба за нивниот син Александар.

-Мислам дека бројот на тужби не е важен во вакви ситуации, важно е да се каже дека тие се насочени исклучиво за заштита на Александар и да му се овозможи да расте со двајцата родители. Тужбите на Северина се насочени кон тоа јас да бидам казнет и од мене да се направи криминалец – рекол Поповиќ и ги демантирал пишувањата дека сака целосно старателство над нивниот син.

– Тоа не е вистина. Сакам нашиот син да расте со двајцата родители, во љубов и за тоа се залагам на сите можни начини – додал Поповиќ.

Тој патем има поднесено тужба и против семејството Којиќ, односно сопругот на Севе, Игор и татко му Кеба.

-Семејството Којиќ е составен дел од животот на Северина и така треба да остане, но не и составен дел од животот на мојот син – додал Милан, кој патем наскоро ќе стане татко по втор пат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top