| четврток, 6 декември 2018 |

Режим на исхрана кој ќе ви ги „стопи“ килограмите

Исхрана точно на време, избалансирани оброци, здрави „грицки“ – ова ја сочинува основата на планот ако сакате да ослабете. Сепак, студијата на Универзитетот Харвард покажала дека ако оброците се надвор од ритамот, нивото на шеќер може да порасне за 18 отсто, што лошо влијае на метаболизмот и маснотиите во организмот.

Затоа, оваа комбинација од неколку истражувања и научни студии го дава најдобриот план за „напад“ на вишокот килограми.

Појадок: Од 6 до 9:45 часот

Иако научниците често се во недоумица околу појадокот како најважен оброк во текот на денот и постојат неколку различни препораки, американскиот Национален регистар за контрола на тежината препорачува појадокот секогаш да биде во исто време. Според неговите податоци, 80 отсто од луѓето успешно ги губат килограмите ако наутро јадат помеѓу 6 и 9:45 часот, во зависност од времето кога се будат. Исто така, најдобар избор за првиот оброк се незасладени снегулки, `ржани или овесни.

Оброкот после 10 часот не гарантира дека подоцна нема да имате напади на глад.

Утринска ужина: 2 – 4 часа после појадокот

Иако можеби ви изгледа како премногу згуснат распоред на оброци, во овој период од денот изедете барем овошје (парче, две) за да го одржите нивото на енергија и шеќер. Сето тоа ќе допринесе за забрзување на метаболизмот.

Ручек: Пред 15 часот

На крајот од 2016 година е објавена студија во “The American Journal of Clinical Nutrition”. Според нивните испитувања на луѓе кои се на диета, ручекот најдоцна до 15 часот ќе ве смести во групата на луѓе кои 25 отсто побрзо ги губат килограмите.

Попладневна ужина: 2 – 4 часа после ручекот

Како и утринската, така и попладневната ужина може да ви изгледа дека ќе ви го оптовари желудникот, но всушност ќе ве спречи да се прејадете за време на вечерата.

Вечера: Од 17 до 19 часот

Испитувањето кое го спровеле истражувачи од Универзитетот “Brigham Young” покажало разлика во тежина кај испитаниците кои јаделе до 19 часот и оние кои јаделе после тоа време и знаеле да „заглават“ во кујната.

Всушност, оние кои вечерале порано внесувале 244 калории помалку, што после две недели резултирало со помал број на килограми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top