Поранешниот сопруг на Северина, Милан Поповиќ веќе поголго време се тужи со пејачката заради наводна негрижа кон нивниот син Александар.
– Мислам дека бројот на тужби во нашиот случај не е битен. Во ваквите процеси тужбите и пријавите од двете страни се нормална работа. Моите тужби се усмерени исклучиво кон заштита на Александар и за неговата можност да расне со двајцата родители. Тужбите пак од страната на Северина сакаат мене да ме направат криминалец, навел Поповиќ кој ги демантирал и написите во медиумите кои тврделе дека тој сака да и го одземе старателството на Северина.
– Тоа не е вистина. Сакам мојот син да расте покрај двајцата родители, додал Милан.
Тој поднел тужба и против сопругот на Севе, Игор Коиќ и неговиот татко Кеба.
– Семејството Коиќ е дел од животот на Северина. Точно е дека поднесов неколку тужби, а мојата цел е тоа семејство да остане таму каде што му е местото и да не стане дел од животот на Александар, истакнал тој во интервју за Блиц.
За крај тој потврдил и дека ќе добие уште едно дете.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Сопругот на Јанкулоска: Попрво земјата ќе престане да се врти, отколку Горде да го остави Петар!
-
Комплетниот мејл што Северина му го испратила на Милан: „Си реков: подобро Милан одошто рак!“
-
После порно аферата се повлече од јавноста: Северина сподели убави вести, среќа во нејзиниот дом!